24 Април, 2024
0.0244

Што одлучи Франција за екстрадицијата на Харадинај?

Објавено во: Балкан 02 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Апелацискиот суд во Колмар, Франција за 6 април го одложи донесувањето одлука за барањето на Србија за испорачување на Косовецот Рамуш Харадинај, кој се товари за воени злосторства. 

Истражниот совет во согласност со барањето на Обвинителството наложил доставување дополнителни информации за Харадинај. 

Тој засега нема да може да ја напушти Франција до конечната одлука на Судот, кој по вторпат ја одложи својата одлука.

Апелацискиот суд во Колмар на 9 февруари одржа јавна седница, на која свои ставови за барањето на Србија изложија Харадинај и неговите адвокати и заради утврдување на исполнувањето на условите и гласањето за барањето на Србија за екстрадиција го одложи донесувањето на својата одлука.

Тогаш републичкиот обвинител на Франција побара да се прецизира одредувањето на документација и да се запознае со процесот на законите на Србија.

Задача на судот во Колмар е да утврди дали се исполнети условите за испорачување, кои ги предвидува Европската конвенција за екстрадиција, која не го орочува донесувањето одлуки. 

Харадинај вели дека одлуката на Судот во Колмар за повторно одложување на давањето мислење за барањето на Србија за негова екстрадиција е срамна и политичка одлука.

Тој се брани дека борбата на ОВК е веќе разгледувана пред Хашкиот трибунал.

Харадинај, кој е лидер на опозициската Алијанса за иднината на Косово е уапсен на 4 јануари на границата со Швајцарија и Франција по српската потерница, а Србија потоа испрати барање до Франција за негово екстрадирање.

Тој една недела подоцна е пуштен со цел одлуката на Судот за барањето на Србија за негова екстрадиција да ја чека на слобода, но му е одземен пасошот и забрането му е да ја напушта територијата на Франција.

Истрагата против Харадинај во Србија е почната во 2004 година, а во јануари е проширена со нови обвиненија и нови докази, кои се проследени до Судот во Колмар.

На Хардинај му се судеше во Хашкиот трибунал за воени злосторства на Косово, но во 2012 година е правосилно ослободен од сите обвиненија.

Србија го бара Харадинај поради обвиненија дека извршил кривични воени злосторства против цивилното население на Косово во периодот 1998-1999 година. 

Можеби ќе ве интересира

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?