25 Април, 2024
0.0283

ШТО ОСТАВИЈА АХМЕТИ И ГРУЕВСКИ ЗАД СЕБЕ: Дневно за камати – 400 илјади евра!

Објавено во: Финансии 02 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Владата предводена од двоецот Груевски-Ахмети го создаде досега највисокото ниво на Јавен долг. Според податоците на Министерството за финансии, на крајот од 2016 година, или заклучно со декември висината на Јавниот долг изнесува 4,7 милијарди евра или 50,1% од БДП, што е историски највисоко ниво – и во апсолутен износ и како процент од БДП. Во четвртиот квартал во споредба со третиот, висината на долгот се намалила за 0,5 отсто.

Од Министерството за финансии велат дека намалувањето на долгот на крајот од годината е резултат на отплата на долгови кон дел од кредиторите.

“Се работи за отплата на долгови кон странски кредитори, меѓу кои и Дојче банк и Сити банк, што резултираше со намалување на надворешната задолженост“ - велат од Министерството за финансии. Отплатата беше спроведена во ноември, кога беше вратен кредит од 130 милиони евра.

“Кредитот од овие банки беше земен пред пет години, а истиот беше гарантиран од Светска банка. Средствата за оваа исплата се обезбедени од еврообврзницата што беше издадена во јули годинава“ - соопштија од Министертсвото за финансии.

Ова раздолжување според економистите значајно не ја промени должничката позиција на Македонија.

“Aко се елиминира ова еднократно намалување на јавниот долг од 150 милиони евр,а тогаш јавниот долг има пораст од 100 милиони евра . Јавниот долг сеуште не е алармантно висок .Задолженост од 50 % од БДП не е некоја висока задолженост сеуште, нема некоја причина за тревога сеуште.Но многу е поважно на што се троши тој долг. Проблемот со нашиот јавен долг е што се задолжуваме за непродуктивни трошоци, односно за сервисирање на тековните расходи а не за капитални инвестиции, таа пракса мора да се надмине, јавниот долг може да расте но треба да расте за инвестиции а не за тековни расходи“ - оценува економсиот аналитичар Бранимир Јовановиќ.

За годинава веќе се најавени новите задолжување на домашен терен, со план да се спроведат 18 аукции на државни хартии од вредност во првата половина од годинава. Дополнително, преку Буџетот за 2017 година, најавено е и издавање на нова Еврообврзница.

Дел од економистите во текот на 2016 година, кога нивото на долгот ја премина “психолошката“ граница од 50 отсто алармираа дека темпото мора да забави со предупредување дека економијата среднорочно нема да може навреме да ги сервисира обврските кон дома и кон странство .

“Ние дневно, благодарение на досегашната Влада предводена од Груевски и од Ахемти, значи дневно плаќаме 400 илјади евра во кеш само за остплата на камати. Свесни ли сме што значи тоа? И сега јас треба да ги “тинтрам“ Груевски и Ахмети. Па подржувачи на Ахмети на пример, седат дома а примаат плата. Токму затоа сега овој двоец не го интересира ниту 10% од државотворност или општествено корисна работа, сега за работи за спасување на гола кожа“, изјави неодамна за “Фактор“, економистот Зоран Витанов.

За потребата од консолидација на јавните финансии и намалување на темпото на задолжување предупредија и меѓународните финансиски институции.

“Мора да има консолидација и таа не смее да падне на грбот на кратење на јавните расходи , тоа треба да биде преку зголемување на јавните приходи, т.е преку даночење на побогатите ,дури ако има потреба да се скратат одредени јавни расходи тоа не смее да бидат продуктивните расходи односно инвестициите, туку мора да бидат непродуктивните расходи, како оние наместени тендери, патни трошоци, вработувања на партиски кадри“ - вели економистот Јовановиќ.

Реакции: каде е вистината?

Долгот е на критично ниво, граѓанитес етие што го отплаќаат и мора да ја знаат вистината, реагираше СДСМ на новообјавените податоци за Јавниот долг.

“Тоа го покажуваат вчера објавените податоци од извештајот на Министерството за финансии, за состојбата на јавниот долг заклучно со 31.12.2016 година. Тоа значи дека министерот за финансии во заминување, Кирил Миноски, во изборната кампања ги лажел граѓаните дека јавниот долг е намален за 1.4 проценти. Долгот е се уште на критичното ниво над 50 проценти, како што предупредија и меѓународните финансиски институции, кога изразија загриженост за темпото на задолжувања на државава. Граѓаните се тие кои ќе ги враќаат огромните долгови во милијарди евра, со камати, што ги направи досегашната неодговорна власт и тие имаат право да знаат колкав е јавниот долг на државата“ - велат од СДСМ.

Манипулација – вака Министесртвото за финансии ја оцени рекацијата на СДСМ.

„Соопштението на СДСМ е уште една класична манипулација на партијата, како дел од ПР кампањата која ја водат за јавниот долг. Секој кој ќе ја отвори веб-страната на Министерството за финансии може да го прочита извештајот за јавниот и државниот долг и да види дека и државниот и јавниот долг се намалени во последниот квартал од 2016 година. Иако СДСМ постојано се повикува на ММФ за разни економски теми, кога станува збор за јавниот долг на земјава секогаш испуштаат да кажат дека Фондот истакна дека Македонија води прудентна политика на јавен долг. Исто така, Фондот препорачува за земјите во развој каква што е Македонија, јавниот долг да се движи во границите меѓу 49% до 58%“ - велат од Министерството за финансии.

Историски највисоко ниво и на Бруто надворешниот долг...

За прв пат во историјата на Македонија, Бруто – надоврешниот долг надмина 8 000 000 000 долари или конкретно, заклучно со третиот квартал од 2016 достигна ниво од 8,4 милијарди долари односно 7,5 милијарди евра.

Според последните објавени податоци на Народната Банка, само за три месеци, или во третиот во споредба со вториот економски квартал, бруто надворешната задолженост се зголемила за 623,6 милиони евра. Растот на асолутната задолженост се одрази и врз процентуално зголемување на задолженоста кој сега изнесува 78,1% од Бруто домашниот производ.

Податоците покажуваат дека на квартално ниво, пораст на надоврешната задолженост има кај “државата“, па така од 2,1 милијарда евра таа на крајот од септември достигнала ниво од 2,6 милијарди евра. Растот на задолженоста на државата кон странство во овој период е резултат пред се на Еврообврзницата од 450 милиони евра, но од друга страна податоците покажуваат дека овој тренд на пораст се одржува подолг период. Така на пример, бруто надоврешната задолженост на државата кон странство во третиот кавартал од 2016 година, во споредба со истиот квартал од 2015 година е зголемена за 676,7 милиони евра, а во однос на истиот еприод од 2014 година има раст од 509,8 милиони евра.

Пораст на надворешната задолженост има и кај приватниот сектор. Информациите од Народната банка покажуваат дека од 2004 година до сега, Бруто наворешениот долг достигнал највисоко ниво – и како апсолутен износ и како процент од БДП. Во очекување на финалните податоци за надворешната задолженост за последниот квартал од 2016 година, веќе се знае дека во 2015 нивото изнесуваше 69,4% а 2014 година заврши со бруто надворешна задолженост од 70%. Според овој критериум Македонија веќе е во групата на високо задолжени економии.

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот