Што пишува во писмото на напаѓачот на американската амбасада во Подгорица?
Објавено во: Балкан 23 Февруари, 2018
Далибор Јауковиќ, кој завчера фрли бомба во дворот на американската амбасада во Подгорица, оставил проштално писмо. Во писмото, кое е откриено од полицијата, Јауковиќ го моли семејството и роднините да му простат за тоа што ќе стори. Покрај тоа, тој ги опишал и своите лични и политички ставови, пренесува „Побједа“.
Покрај тоа, црногорската полиција соопшти дека Јауковиќ не се разнел со експлозивна направа по нападот, како што првично беше јавено, туку дека таа случајно му се активирала. Во истрагата на нападот е вклучено и американското ФБИ, кое ќе помогне за утврдување на причините за инцидентот.
Покрај Јауковиќ, кој почина од здобиените повреди, во нападот нема други жртви, а причинета е помала материјална штета.