28 Март, 2024
0.0263

Што правел српски дипломат во Собранието за време на „крвавиот четврток“?

Објавено во: Македонија 24 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Советник во Амбасадата на Србија во Скопје и офицер на БИА Горан Живаљевиќ бил во Собранието на 27 април за време на упадот на насилните демонстранти.

Тоа го објави телевизија Телма.

Според истражувачкиот тим на Телма и дневникот Кога, Живаљевиќ поранешен заменик директор на БИА, а сега нејзин активен офицер кој во Амбасадата во Скопје тера трет мандат, влегол во Собранието после 20 часот, заедно со група луѓе од толпата и се упатил во пленарната сала каде биле пратеници од ВМРО ДПМНЕ. Според извори на Телма и Коха, Живаљевиќ тука се сликал.

На прашањето што работел во Собранието, од страна на дипломатскиот протокол, Горан Живаљевиќ за Телевизија Телма рекол дека бил во парламентот по службена должност, за да види дали во инцидентите учествуваат лица од Србија, навивачи или екстремисти.

Во истражувањето на Телма и Коха се наведува дека Живаљевиќ е познат во регионалната јавност по неколку контроверзни настани.

Неговата сопруга Оливера Антониќ, се додава, сведочела во врска со убиството на новинарот Славко Чурувија. Таа во тоа време работела во Државната безбедност во Одделението за прислушување и правела записници од разговори од станот на Чурувија по неговото убиство.


Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“