19 Април, 2024
0.0340

Што се има во имотните листови на ВМРО-ДПМНЕ?

Објавено во: Македонија 24 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Имотните листови на ВМРО-ДПМНЕ според податоците на Катастарот се многу богати и покажуваат дека партијата која СЈО ја сомничи дека имотот го стекнала на незаконски начин, поседува објекти од различна намена и со различна квадратура во Скопје, Битола, Виница , Кратово, Пробиштип, Радовиш, Струмица, Неготино, Велес и други градови. Дел од имотните листови се водат како заедничка сопственост, а дел се во сопственост на партијата.

Во Кратово партијата поседува пет мали комерцијални единици, во Пробиштип партијта има објект со намена култура од 102 метри квадратни, во Берово на име на ВМРО-ДПМНЕ се водат три станбени куќи, 164 метри квадратни градежно земјиште, и две парцели со земјиште под зграда, се дел од имотите на партијата која сега оди во опозиција. 

СЈО отвори истрага за над 30 недвижни имоти на ВМРО-ДПМНЕ, но Кривичниот совет ги отфрли барањата за замрзнување на имот.

„Очигледно линкот  и меѓусебните односи меѓу добар дел од судиите и партијата се на посериозна основа и тоа значи дека и натаму треба да се очекува сериозни опструкции. Од најсиромашна земја да имаме најголем имот, не знам што мислат овие судии, но ќе дојде време и тие ќе одговараат за своите постапки.“ - вели Гордан Калајџиев, универзитетски професор.

Во случајот „Талир“ што го отвори  СЈО првоосомничен е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и уште десет високи партиски функционери кои се сомничат за незаконско финансирање на партијата, перење пари и злоупотреба на службена положба и овластување, од  што на партиската сметка незаконски легнале пет милиони евра. По одлуката на Кривичниот суд, СЈО нема право на жалба, но според експертите доколку се најдат нови докази може повторно да се побара замрзнување на спорниот имот.  

Извор: Телевизија 24


Можеби ќе ве интересира

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне