28 Март, 2024
0.0986

Што се одгледува на нивите во Македонија?

Објавено во: Агробизнис 30 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Од бавчите и ораниците, 65.4% се под житарици, 9.4% под индустриски култури, 13.4% под фуражни култури, 7.6% зеленчук и компир, 1% се под мешункасти култури и 3.1% под друго. 

Вкупниот број на земјоделски стопанства во Република Македонија изнесува 178 125, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 

Просечно, едно земјоделско стопанство користи 1.8 хектари земјоделско земјиште и има 2.1 добиточни единици. Вкупното користено земјоделско земјиште од страна на земјоделските стопанства изнесува 320 738 хектари, а од вкупниот број на стопанства, 60.8% користат до 1 хектар земјоделско земјиште. Земјоделските стопанства имаат вкупно 381 361 добиточна единица. Од техниките на ѓубрење, 37.9% од земјоделските стопанства користат нанесување на ѓубривото без заорување во почвата, додека од методите на наводнување, најчесто користен е методот на површинско наводнување. 

Структурното истражување за земјоделските стопанства е едно од основните статистички истражувања во областа на земјоделството кое се спроведува на секои три години и обезбедува споредливи податоци за земјоделските стопанства. 

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи