Што се случи со германската економија во 2017 година?
Објавено во: Економија 11 Јануари, 2018
Германија важи за економскиот мотор на Европската унија.
БДП на земјата лани порасна за 2,2% во спредба со 1,9% претходната година. Ова е најголем раст од 2011 година. Ниските каматни стапки, релативно евтиното евро и зголемената домашна приватна потрошувачка, се фактори кои доведоа до ваков раст.
Според германскиот Завод за статистика, инвестициите и потрошувачката, но и градежништвото, даваат најголем придонес за раст. Трошењето на Владата расте со побавно темпо. Лани вишокот на трговското салдо се зголемило и придонело за поголем БДП, додека една година порано тоа се намали.
Германија во 2017 година имаше и рекорден буџетски вишок, според одделни владини податоци. По неколку години борење со хроничен дефицит, Владата успеа да ја зголеми состојбата на плус 38,4 милијарди евра, што е 1,2% од БДП.
Ова е четврта година по ред на вишок и е најголема од досегашното обединување на Германија.