28 Март, 2024
0.0246

ШТО СЕ СЛУЧУВА НА ЈАХТИТЕ НА БОГАТИТЕ: Сара работела по 25 часа, ама добивала и бакшиш од 4000 евра

Објавено во: Стил 22 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Сара Бегби и Бетани Силкокс со години работеле како дел од персоналот на јахти на богаташи. Силкокос така им служела на бизнис луѓе и членови на кралски семејства, со тоа што изнајмувањето на една од јахтите на кои работела неделно чинело и милион долари.

Дружење со богатите и славни, патување на егзотични локации и бакшиш од 4000 евра, се тоа било дел од нивната работа.

Но, како што тврдат девојките, под таа гламурозна површина се крие и многу негативно, како на пример работа од 18 часа дневно, искомплексирани гости и месеци поминати далеку од дома. Овие две девојки од прва рака имале прилика да видат како живееле богатите луѓе.

Сара на оваа работа се одлучила во 2014 година кога дечко и кој работел на јахта Тринити рекол дека неговата компанија бара работници. Следните година и половина Сара ги поминала пловејќи на луксузен брод и посетила земји како Тајланд, Индонезија, Малезија, Сингапур, Бали.

„Готвачот на бродот подготвуваше храна и за гостите и за членовите на екипажот, а храната беше на највисоко ниво. Еднаш имав шанса да вкусам јапонски говедски специјалитет кој чини 11 илјади долари“, раскажува Сара.

Работата за неа не завршувала ниту по полноќ, бидејќи таа на гостите морала да им обезбеди ноќни закуски како што се сладолед, колачи или сендвичи. Иако доцна одела да спие, рано се будела.

„На нозе сум од 6 наутро, па следните 16 до 18 часа со тоа што во текот на денот едвај седнував на две минути. Ако и толку најдам простор“, тврди Сара.

Просторот во кој спиела бил толку мал да, како што рекла се чуствувала како да е во затвор.Од друга страна имала пристап до некои од нјаневеројатните места на светот. Дневните трошоци биле минимални бидејќи сместување не плаќала, а месечно би заработувала до 2 210 фунти. Во слободно време живеела речиси како и нејзините гости. Би уживала во хотели со пет ѕвезди и јадела по најдобри ресторани, а се финансирала, како вели, со своите тешко заработени пари.

Во целата таа приказна најтешко се поднесува разделбата од семејството и пријателите посебно во време како што се Божиќ и родендени.

„Гостите по тоа прашање беа многу внимателни кон мене. При една таква прилика добив Армани часовник, а сите трошоци на вечерата и тортата во ресторанот на јахтата биле платени“, се сеќава Сара.

Бетани како дел од послугата на брод работела три години откако завршила факултет. Сметала дека тоа е одлично животно искуство.

„Најдолго на нозе поминав 25 часа, а копно при една прилика немав допрено дури 40 дена. Ретко имаме време за ручек, па воглавно каснувавме нешто успат“, раскажува Бетани која месечно заработувала повеќе од 3000 фунти, со своите платени трошоци, повратна карта и со 60 дена платен годишен одмор.

„Најчудното нешто што некогаш сум го послужила е сендвич со пилешко и чипс“, се сеќава Бетани.

Во текот на работата на јахта имала прилика да се сретне со Вил Смит, принцот Алберт од Монако, Антонио Бандерас. Денес работи во Лондон, и иако многу нешта претрпела, признава дека понекогаш се чуствува и помалку осамено бидејќи сепак три години поминала опкружена со мноштво од луѓе.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи