Што се случува со нафтата по новата истрелана ракета на Северна Кореја?
Објавено во: Свет 15 Септември, 2017
Нафтата поевтини за време на азиската трговија, откако Северна Кореја истрела последователна балистичка ракета, која прелета над јапонскиот остров Хокаидо и падна во Тихиот Океан.
Американската лесна сурова нафта WTI поевтинила за 0,38% до 49,70 долари за барел, а европскиот репер Брент забележал пад од 0,45% до 55,22 долари за барел.
Инвеститорите очекуваат податоци за бројот на нафтените платформи во САД денес.
За време на претходната сесија, цените се зголемија на седумнеделни издигнувања, поддржани од извештаите кои очекуваат зголемена глобална побарувачка за да се неутрализира презаситеноста.
Цената на WTI се зголемува над 50 долари за прв пат од пет недели откако Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) предвидува дека побарувачката ќе се зголеми со остра стапка од 2015 година.
Во вторникот ОПЕК соопшти дека ископувањето во август се намалило за 79 илјади барели дневно до 32,76 милиони барели дневно, бидејќи производтсвото кое е во пад во Венецуела, Ирак, ОАЕ и Саудиска Арабија го компензира порастот во Нигерија.