28 Март, 2024
0.0254

ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО: За пет дена паднаа две директорски глави!

Објавено во: Агробизнис 16 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Во среде политичка криза и во искечување на формирање на нова влада, актуелната влада  спроведува директорски смени во Агенцијата за финасиска подршка во земјоделството и руралиот развој. По оставката на досегашната директорка на Агенцијата Билјана Вуковиќ, минатата недела за директор беше назначен Виктор Стојкоски, кадар на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ.  Стојкоски на директорската позиција дојде од кабинетот на државниот секретар во Министерството за одбрана. Но по пет дена директорување, тој си подесе оставка.На негово место сега доаѓа Игор Златков, досегашен директор на Агенцијата за поттикнување на земјоделството што се наоѓа во Битола.  Златков потврди дека тој е новиот директор на Платежната агенција која менаџира со исплатата на субвенциите за земјоделство.При тоа Златков посочува дека деновиве откако ќе ја  официјализира неговата функција ќе го потпише и решението за продолжување на исплатата на субвенциите.

„Откако ќе ги извадам потребните документи и откако ќе го депонирам потписот во Централниот регистар, веднаш следниот ден ќе го потпишам решението за исплата на субвенциите“ вели Златков.

Две недели агенцијата беше без директор. По оставката на Вуковиќ  никој не ја прифаќал позицијата. Овие директорски смени во Платежната агенција доаѓаат и во период кога Европската комисија најави ревизија на трошењето на парите од европските ИПАРД фодови. Потончо предмет на ревизијата на ЕК ќе бидат ИПАРД програмите 2007-2013 и 2014-2020 година, со акцент на последните пет финансиски години.ЕК побарала македонската Платежна агенција да и испрати одредени податоци во врска со мерките од ИПАРД Програмите. Се барало податоци за тоа како се вршлеа селекцијата на проектите, како се правеле котроли на лице место, имиња на добитици на проекти, вкупно потрошени пари од ЕУ фондовите но и од парите од Македонија,  број на одобрени проекти, вкупно исплатени проекти и друго. Засега нема информација дали Агенцијата ги испратила овие податоци до ЕК. Податоците Агенцијата требало да ги достави до Европската комисија најдоцна до 17 феврурари годинава.

Реагираа од СДСМ. Прашуваат зошто и дали  институциите ги сокриле документите од ЕУ,  од јавноста и дали ги пратиле бараните податоци до Европската комисија.

„Ова е потврда на се она што алармиравме ние. Се надевам дека нема да има некои сериозни санкции кои ќе ги почуствуваат земјоделците туку напротив ќе има одговорност за конкретни лица и за конкретни случаи за злоупотреба“, изјави Николовски.

Министерот за земјоделство Михаил Цветков вели дека станува збор за редовни ревизии од страна на ЕК кои се прават по завршување на секој проект.

„Ова се вообичаени ревизии кои се прават по завршување на секој проект .ИПАРД 1 Програмата завршува годинава и затоа е оваа редовна ревзија од ЕК за да видат како се трошеле парите од Програмата“ вели Цветков.

Ревизијата е најавена да се спроведе во јуни годинава. Во фокусот на ревизијата ќе биде менаџментот, контролите, системот на санкции, но со ревизијата е можно да бидат опфатени и сите мерки од двете ИПАРД Програми. Тимот што доаѓа од ЕК побарал Агецијата да овозможи  вработените да им бидат достапни во текот на ревизијата а на претствниците од ЕК да им се овозможи транспорт за да можат да ги посетат корисниците на ИПАРД Програмите. Лани Европската Унија започна истрага во Македонија за злоупотреба на 200 илјади евра пари од ИПАРД програмата во делот за набавка на механизација. Се работеше за два одделни случаи за кои минатата година  од македонската финансова полиција изјавија дека случaите се во јавното обвинителство во Скопје, а во истрагата биле вклучени и Интерпол. Од македонските надлежни институции тогаш посочија дека наместо комплетно нова механизација, постоеле  сомнежи дека е набавена механизација со репарирани делови.

Слаба искористеност на парите од европските фондови

Лани од Европската унија излегоа со податоци дека во последните неколку години биле изгубени 51 милиони евра од фондвите, поради што парите за ИПАРД 2 се намалени за разлика од тие што беа одобрени за ИПАРД 1. Во ИПАРД програмата што се спроведуваше од 2007 до 2013 година на располагање беа 85 милиони евра, а сега во втората програма за периодот од 2014 до 2020 година на располагање се  60 милиони евра.

„Како резултат на повторливи проблеми со спроведувањето на ИПАРД програмата во последните неколку години, 51 милиони евра беа изгубени за време на периодот 2007-2013година од почетната програма со буџет од 85,6 милиони евра. Како последица на тоа, буџетот за ИПАРД II е веќе намален и затоа во моментов веќе нема намера да се кратат.“, изјави тогаш  Маја Коцијанчиќ , портпарол на ЕК.

Македонските власти посочија дека со ИПАРД 2 се планирани  проекти, кои се структурни,а за слабата искористенот на парите од ИПАРД фонндовите проблемот го лоцираа во тоа што македонското земјоделие било ситно и не се барале пари за големи проекти.На последата седница на актуелната влада пред два дена била донесена одлука за објавување на ИПАРД 2 Прогрмата за која како што вели министерот Цветков огласот ќе биде објавен штом новиот директор на Платежната агенција Златков ќе ја заврши процедурата за официјализирање на директорската фукција.

Т.С


Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи