29 Март, 2024
0.4290

ШТО СЕ СЛУЧУВАЛО ВО ПАНАМА: 10-те најважни прашањa чии одговори треба да ги знаете!

Објавено во: Анализа, Свет 05 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Откривањето на 11,5 милиони документи од една адвокатска фирма во Панама открива како богатите и моќните луѓе, вклучувајќи го и рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Петро Порошенко, каде ги кријат своите пари. „Mossack Fonseca“ - една од најпознатите тајни офшор правни фирми, им помагала на своите клиенти да перат пари и да не плаќаат даноци во текот на 40 години при целосна неказнивост. Компанијата вели дека никогаш не била обвинувана за криминални активности.

Се јавуваат многу важни прашања, а „Die Welt“ се обидува да даде некои одговори.

За што точно се работи?

Протекувањето на информации од управуање на компании од типот „сандаче“ открива според „Süddeutscher Zeitung“, „NDR„ и „WDR“, како и медиуми од 80 земји, информации за финансиски трансакции на политичари и познати лица со помош на цели 215 илјади фирми-поштенски сандачиња. Кај овие компании се создава седиште во земја со поволни даночни услови само со поштенска адреса, додека бизнисот ги одржува трговските активности во други земји со цел да се намалат даночните обврски.

Кој е вмешан?

Во „најголемиот финансиски скандал на историјата“, како што го опишува италијанскиот „Corriere della Sera“, се вмешани 12 поранешни и сегашни држави и влади, 128 други политичари и милијардери и спортски ѕвезди. Еден познат пример е исландскиот премиер Сигмундур Гунлаугсон. Неговото дејство е особено осудено, бидејќи Исланд речиси беше соочен со стечај поради сомнителни финансиски трансакции и токму благодарение на тоа Гунлаугсон беше инаугуриран.

Меѓу имињата се и оние на премиерот на Пакистан, на кралот на Саудиска Арабија и децата на претседателот на Азербејџан. Документи има и за украинскиот претседател Петро Порошенко, покојниот татко на британскиот премиер Дејвид Камерон и многу други.

Кои се „Mossack Fonseca“?

„Mossack Fonseca“, која се најде во центарот на скандалот е дискретна панамско адвокатска фирма, која има мала група одбрани клиенти и е специјализирана во избегнувањето на плаќање на даноци. Мистериозната завеса над неа беше тргната во неделата, кога меѓународна истрага, направена од над 100 медиуми и новинари врз основа на документи од оваа фирма, откри дека 140 водечки политичари и познати личности имаат сметки во даночните засолништа и раеви.

Во некои од нив се наведени и можните методи на дејствување на адвокатска канцеларија за бришење на патеката, а еден од нив е употребата на даночни засолништа како Британските Девствени Острови и земји во Пацификот.

Кој раководи со адвокатската група, чии канцеларии се наоѓаат во стаклена зграда во бизнис квартот на Панама?

Јирген Мосак, основачот на компанијата, основана пред триесетина години, е роден во Германија во 1948 година. Тој емигрирал заедно со своето семејство во Панама, каде што студирал право. Неговиот татко бил нацист, служел во SS деловите (елитни единици на германската армија) за време на Втората светска војна според Меѓународниот конзорциум на истражните новинари (МКРЖ), кој цитира документи на американската армија, посочува AFP. Според „стари разузнавачки документи“ тој предложил да шпионира во корист на ЦИА.

Другиот негов партнер, Рамон Фонсека, е роден во 1952 година. Тој добил диплома за правник исто во Панама, но потоа во престижниот Лондонски економски универзитет. Во интервју тој наведува дека мислел да стане свештеник.

Каде дејствува компанијата?

По сопствени податоци „Mossack Fonseca“ има над 500 вработени. Компанијата делува во Белизе, Холандија, Костарика, Велика Британија, Малта, Хонгконг, Кипар, Британските Девствени Острови, Бахами, Панама, ангина, Сејшелите, Самоа и државите Невада и Вајоминг.

Зошто Панама?

Панама, заедно со Кајманските Острови и Бермудите, е еден од најважните финансиски центри во Латинска Америка. Исклучително либералното банкарско право привлекува бројни банки во Централна Америка. Во моментов околу 90 банки држат депозити во износ од околу 65 милијарди долари таму. Финансиската криза ја заобиколи во голема мера Панама и дури донесе на финансискиот центар дополнителни инвестиции. Панама се смета за даночен рај, но постојано во медиумите се појавуваат материјали за незаконски договори. Во 80-тите години земјата беше банкарскиот центар за колумбиските нарко картели.

Што претставуваат офшор компании?

Друштва или задруги можат да се населат во офшор зони, за да можат сосема легално да вршат финансиски бизнис и спојувања и превземања или да ги вршат подобро даночните планирање.

Сите кои работат со фирми-„поштенски сандачиња“, се криминалци?

Не. Има и легитимни причини за нивно користење. Навистина офшор банкарски сметки може да се користи за заобиколување на регулаторниот надзор и даночните обврски, но не е нелегален начин. Компании и поединци може да користат слични компании кои првично не се поврзани со значителни средства или операции, често за прикривање на имотот на некои средства. Руски бизнисмени ги користат за да ги заштитат своите средства против економските и паричните санкции против нивната земја.

Криминалци ли се некои кои користат слични шупливи фирми?

Да, има и такви. Но тоа треба да го докаже обвинителството.

Колку податоци се украдени?

Многу. Вкупно „Panama Papers“ се состојат од 11,5 милиони документи, кои вкучуваат пораки, бази на податоци, PDF-и, слики и текстуални документи. Вкупно податоците се во обем од 2,6 терабајти. За споредба - откритијата на “Wikileaks“ се од 1,7 гигабајти, помалку од 1/1000 дел од „Panama Papers“. Податоците се за дела од седумдесеттите до пролетта 2016 година

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот