29 Март, 2017
0.4332
    29NO 300    -80%     ADIN 639    -8.71%     ALK 5704.29    0.07%     BESK 12000.42    7.15%     CEVI 867.37    0.27%     GRNT 678.78    -0.22%     KJUBI 1601    -2.97%     KMB 2800    -0.03%     MPT 27402    -0.36%     OHB 4916.67    0.34%     PKB 13299    12.7%     RMDEN15 96.4    1.47%     STB 898.33    0.5%     TNB 10900    0%     TPLF 893    -0.78%

Што сега - Политичарите молчат, а „експертите“ ќе се потепаат кај кого да оди мандатот

Објавено во: Анализа 30 Јануари, 2017

Откако Груевски како мандатар не успеа да обезбеди  парламентарно мнозинство се поставува прашањето што сега?

Прво остана енигма што е тоа што Груевски не прифаќа од условите кои ги поставил Ахмети, односно не видовме транспарентно што содржат како што велат од ДУИ тие пет барања. Во секоја нормална демократска држава вакво нешто не би предизвикало незнам какви реакции туку претседателот на државата или монархот (таму каде што има уставни монархии) мандатот би го дал на другата партија која има најмногу освоено пратенички места. 

Ќе потсетам во Словенија во претходниот мандатен период победи Позитивна Словенија на Јанковиќ (инаку актуелен градоначалник на Љубљана), не успеа да направи влада и го врати мандатот. Потоа мандатот беше даден на партијата на Јанез Јанша кој  успеа да обезбеди парламентарно (некои викаат уставно) мнозинство и направи влада. 

Хрватска. Ако се сеќавате Хрватска минатата година имаше парламентарни избори ама резултатот беше тесен но, мнозинството беше на ХДЗ. Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ ги повика лидерите на ХДЗ и на СДП и ги информира дека мадатот ќе го добие онаа партија која ќе и донесе потписи со кое се гарантира дека обезбедиле парламентарно мнозинство. Да незаборавиме гопоѓа Китаровиќ на функцијата претседател дојде како кандидат на ХДЗ.

Кај нас еве цел ден сите молчат. Изјавата на Заев е само празна политиканска фраза.  Но, затоа нашите “експерти“ ќе се потепаат да докажат тотално спротивни работи. Госпоѓа Каракамишева, која кога има слободно време е и професор по уставно право, вели дека Иванов не смее да го даде мандатот на Заев односно на втората партија која освоила пратенички места демек тоа го нема во Уставот. Па госпоѓо имајте малку усул иако јас ги разбирам лукративните интереси. 

Ништо во Уставот на Словенија не пишува дека треба да и се даде мандат на втората партија по големина. Ниту во Хрватскиот Устав не пишува дека претседателот ќе бара потписи како гаранција дека најголемата партија обезбедила мнозинство, а патем ниту во еден Устав тоа не го пишува туку тоа е практика. Исто така мислам дека и оние “експерти“ кои тврдеа дека Иванов не требало да го даде мандатот на Груевски не беа во право... 

И што сега. Мое мислење е дека сега водството на ВМРО-ДПМНЕ ама и на ДУИ оцениле дека најдобро за нив (не за партиите а, уште помалку за државата и граѓаните) би им одговарале нови избори. Дали ќе успеат во тоа во овој момент тешко може да се каже, но едно е сигурно влегуваме во институционална криза бидејки лидерите неможат да се согласат ниту за завршување на конститутивната седница на Собранието. Имено додека не се избере претседател ние немаме Собрание. Да потстетам Белгија немаше скоро 2 години влада ама имаше парламент. 

Ама нашите политички елити и ние сите како граѓани и општество сме светлосни години далеку од она што се вика парламентарна демократија и позитивни парламентарни искуства. 

Автор: Тодор Пендаров

Можеби ќе ве интересира

Каде оди Република Македонија?

Каде оди Република Македонија?