20 Април, 2024
0.0330

ШТО СРАБОТЕ СЈО: Извештајот на Катица на маса пред пратениците!

Објавено во: Македонија 21 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство стигна во Собранието и во Советот на јавни обвинители, а денеска истиот се најде на маса пред пратениците членови на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Неодамна специјалната обвинителка Катица Јанева изрази подготвеност за образложување на извештајот пред пратениците и спред обвинителите.

Вториот шестмесечен извештај СЈО го објави на 15 септември, на годишнината на основањето, а токму тој ден соопшти и за двете обвиненија кои тимот на Јанева ги поднесе до Кривичниот суд.

СЈО како институција е обврзано на секои шест месеци да дава отчет пред Собранието и Советот на јавни обивнители.

Едното обвинение се однесува за уништување документи прибавени од незаконското прислушување, а второто обвинение за насилство за време на протести пред зградата на Општина Центар во 2013 година.

Обвинителството отвори серија истраги  под специфични  кодни имиња кои почнуваа на “Т” но нема објаснување дали оваа случајна или намерна пракса има посебно значење.

Првиот извештај на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, од 15 март, беше повод за жестоки расправии меѓу СЈО и Советот на јавни обвинители. Советот инсистираше Јанева лично да образложи делови од извештајот, поради што седниците за негово разгледување беа неколкупати одложувани. Недоаѓањето на Јанева беше повод за кавга меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Неодамна СЈО апелираше  за продолжување на рокот за истраги бидејќи како што рекоа рокот од 18 месеци е прекус за целосни и објективни истраги за предметите кои произлеуваат од снимките од незаконското прислушување.


Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра