03 Мај, 2024
0.0245

Што треба да имате на ум ако купувате акции во „Макошпед“?

Објавено во: Финансии 11 Август, 2017

Добивај вести на Viber

„Макошпед“ во континуитет го губи пазарното учество. Сега за половина година има приход од продажба помал од половина милион евра. Неговите приходи од продажба за пола година паднаа за 22 отсто, а оперативните трошоци се намалени само за 3 отсто. „Макошпед“ на хартија има акумулирана добивка од речиси 500 милиони денари, но каде се парите? Затоа што од финансиски приходи од камати за пола година има само 2,3 милиони денари. Зошто „Макошпед“ купуваше акции во сопствен откуп, а го удвои и своето учество во акционерската структура на „Фершпед“ и тоа го чинеше нешто под милион евра за половина година?

Последниве денови видлив е раст на пазарните цени на акциите на скопската шпедиција „Макошпед“. Без официјални ценовно чувствителни информации растот на цената на таа акција воглавном е резултат на шпекулации и на очекувања дека цената на таа акција ќе продолжи да расте. Сега откако излезе финанскиот извештај за првата половина од годинава „Фактор“ ќе направи обид на своите читатели да им презентира важни факти кои мора да ги има во предвид секоја инвеститор што е потенцијален сопственик на акции во „Макошпед“.

Прво, акцијата на „Макошпед“ книговодствено вреди повеќе од 1.000 денари за акција, а нејзината последна цена на пазарот достигна 300 денари за акција. Токму во големата разлика меѓу пазарната и книговодствената цена на таа акција некои инвеститори гледаат простор за капитална добивка. Но секогаш имајте го во предвид и профитот што компанијата го носи и прометот што го прави!

Второ, „Макошпед“ барем три години наназад не поделил дивидедна на своите акционери и тоа е факт што може да го најдете во официјалната евиденција на Македонската берза. Веројатно тој факт е сериозен причинител на тоа што цената на оваа акција до неодамна беше под нивото од 200 денари. Имајте го на ум фактот дека таа акција не е многу ликвидна.

Трето, приходите од продажба на таа компанија се во контиуниран пад. Податоците за три години наназад може да ги најдете на сајтот на Македонската берза за хартии од вредност. За првото полугодие годинава приходите од продажба паднале за 22 отсто до ниво од 28,1 милиони денари што е помалку од 500.000 евра за половина година. Ако продолжи вака мислена именка ќе биде приход од продажба од милион евра до крај на годинава.

Четврто, компанијата книжи загуба од оперативното работење и тоа многу важен показател. Најголема расходна ставка е трошокот за вработени и тие се 27 отсто од сите трошоци. При пад на приходите од продажба за 22 отсто оперативните расходи се намалени за само 3 отсто.

Петто, компанијата има голема акумулирана добивка и таа изнесува 496,2 милиони денари на крајот на првото полугодие годинава. Тоа е важен позитивен сигнал за заинтересираните инвеститори. Но внимавајте тоа не значи дека компанијата тие пари ги чува во кеш во депозити по банки. Нејзините финансиски приходи за првиот квартал се 2,36 милиони денари и ако претпоставиме дека се сите од камати на депозити тоа би значело дека орочени на една година парите од акумулираната добивка носат каматен принос понизок од 1 отсто годишно. Ви личи ли тоа на логично?

Шесто, вкупните обврскина „Макошпед“ во првото полугодие се помали од 1 милиони евра и во однос на лани бележат пад од 7 отсто.

Седмо, во првото полугодие годинава видовме ситуации во кои „Макошпед“ купуваше сопствени акции од свој акционер и член на Управен одбор по цена многу повисока од пазарната. Освен тоа видовме дека „Макошпед“ за кратко време во вториот квартал речиси го дуплира своето учество во акционерската структура на „Фершпед“. За овие деловни потфати „Макошпед“ вложи нешто помалку од 1 милион евра. Од каде пари за такви вложувања? Менаџментот не сакаше да објасни иако „Фактор“ прашуваше...

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа