Што треба да направите ако сте невработени?
Објавено во: Финансии 10 Декември, 2016
Ако сте невработени и се плашите дали ќе најдете работа, треба да се концентрирате на некои работи.
Направено е истражување со 3.000 работодавачи при што е дојдено до заклучок што треба да се направи.
Треба да ги следите сите новости во сферата каде планирате да се вработите.
Дневна рутина нека ви биде да гледате огласи и така ќе бидете сигурни дека нема да пропуштите оглас кој можеби ќе ви донесе работа.
На социјалните мрежи поврзете се со компаниите каде би сакале да работите.
Регрутерите во фирмите често имаат база на податоци, и ако се испразни некое место може да бидете повикани.
Слободно пратете ја вашата биографија, дури и ако нема оглас за вработување.
Работодавачите во просек по 6 секунди одвојуваат за да го погледнат вашето ЦВ.
Во кратката биографија мора да има клучни зборови кои ќе ве истакнат пред другите.
Слободното време користете го за да ги унапредите своите квалификации.
Ширете ги контактите постојано.