20 Април, 2024
1.6903

Што треба да се јаде пред и после вежбање

Објавено во: Мои пари 05 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Доколку внимаваме на тежината и оджување на витката линија, некогаш исклучивото практикување на редовна физичка активност се чини дека не е доволно. Вежбите апсолутно дека влијаат на зацврстување на мускулната маса, меѓутоа во комбинација со правилна исхрана пред и после вежбањето, физичката активност ќе има зголемен ефект и забрзано ќе делува за топење на мастите.

Ви приложуваме неколку опции за оброци пред и после вежбање.

ПРЕД ВЕЖБАЊЕ:

Пченичен тост со банана и цимет

Јаглехидратите се неопходни за енергијата во телото и затоа треба да се консумираат пред вежбање.

Јогурт/Овошен јогурт

Ако се спремате за трчање, треба да консумирате нешто лесно за желудникот, но истовремено нешто што ќе ви даде енергија. Јогурт со мусли и сушено овошје со природен шеќер е совршенизбор.Balans+ содржи активни јогуртни култури кои ја подобруваат дигестијата на лактозата. Содржи и калциум кој придонесува за нормална функција на Вашиот дигестивен систем. Овој одличен пробиотски функционален и хранлив производ на вкусен начин Ви помага во динамичното секојдневие. Тој ги содржи сите важни состојки за активен метаболизам и добро варење на храната, па затоа се препорачува да се консумира и пред вежбање.

Смути

Брзо и лесно, а доволно енергично за да го издржите тренингот. Смутито може да содржи јогурт, овошје, мед и сите јаткасти плодови.

Овесна каша со овошје

Овој оброк ви помага во текот на тренингот со постепено ослободување на шеќер во крвта. Овошјето помага да се зголеми содржината на течност во телото и ве држи хидрирани.

ПОСЛЕ ВЕЖБАЊЕ:

Печено пилешко и микс од зеленчук

После вежбањето телото треба да се соземе, а во тоа одлично ќе му помогне квалитетна порција хранливи материи. Една порција пилешко месо и зеленчук ќе ве засити без да се чувствувате подуени.

Омлет и зеленчук

Оброк богат со витамини А, Де, Е и К (силни антиоксиданси кои дополнително го регенерираат телото).

Лосос и сладок компир

Покрај вообичаените протеини, лососот има и биоактивни пептиди, мали протеински молекули кои играат улога во намалување на воспалението на мускулите, помагајќи да се регулира нивото на инсулин. Слатките компири помагаат да се врати нивото на гликоген, кој е исцрпен после тренингот.

Сендвич со пченичен леб, туна и спанаќ

Туната има ниско ниво на калории, но е богата со протеини и јаглехидрати, а спанаќот го намалува крвниот притисок и воспалението и е главен извор на енергија.

Чоколадно млеко

Можеби звучи чудно, но чоколадното млеко е одлична идеја за по вежбањето. Покрај тоа што само една шолја од неговиот полн вкус на вистинско чоколадо ќе делува на целосно опуштање на организмот, тоа дополнително ќе обезбеди и 40% од препорачаната дневна потреба за калциум.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга