24 Април, 2024
0.0242

Што ве советуваат успешните жени?

Објавено во: Стил 08 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Либерализацијата и демократизацијата на општествата придонесе кон тоа, жените да станат водечка сила во компанијата во која работат. Во продолжение ви ги презентираме советите од едни од најуспешните уреднички на некои светски магазини. Нина Истон – колумнист во Washington и уредник во магазинот Fortune. Пронајдете ја работата која ќе ве исполнува и бидете флексибилни зошто никогаш не се знае какви можности ќе ви се понудат. Јас почнав да се занимавам со новинарството по дипломирањето и секогаш вложував повеќе отколку што се бараше од мене со цел да го пласирам своето име во јавноста. Секојдневно пратете ги новитетите во весниците, магазините и на блоговите. Ли Галагер – заменик уредник во магазинот Fortune. Не се сомневајте во себе. Младите колеги исто како и јас на почетокот на кариерата се плашат и чекаат некој да почне да го цени нивниот труд. Се додека самите не почнете да се интересирате за начинот на кој можете да станете поуспешни, за да дојдете до поголема позиција и заработувачка, никој друг нема да го направи тоа за вас. Џо Малон – основач на козметичките брендови Џо Малон и Џо Ловс Без разлика на сите непријатни работи кои ви ги приредува надворешниот свет, секогаш морате да пронајдете начин да ја задржите насмевката на лицето. Не знам да пливам, не знам да возам, го напуштив училиштето на 14 години без никакви квалификации, но сепак го следев мојот сон, а тоа е  да создавам козметика.  Денес го живејам мојот сон и го работат токму тоа што го сакам.
 Кетрин Мајер – уредник во магазинот Time
Моето мото е секогаш прифаќај ги предизвиците. Искористете ја секоја можност која ви се нуди. Никогаш не покажувајте слабост бидејќи вашите колеги тоа ќе го искористат за да дојдат до повисока позиција  

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган