Што вели Ципрас за враќањето на драхмата?
Објавено во: Економија, Балкан 21 Октомври, 2016
Грција нема да ја врати драхмата, тврди грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле сака да ја „казни“ Грција отстранувајќи ја од еврозоната.
Ова го тврди Ципрас во интервју за телевизијата Франс 24, пренесува БТА.
Тој во интервјуто ги негира наводите дека Атина планира да ја врати драхмата и дека било побарано Русија да ги печати драхмите.
Таквото тврдење потекна од францускиот претседател Франсоа Оланд, кој тврди дека информацијата ја добил од рускиот колега, Владимир Путин.
Ципрас наведе и дека Грција е последниот бастион на стабилност во регионот и дека е време „кредиторите и Германија да ги исполнат обврските за грчкиот долг“ со цел да им се даде позитивен сигнал на пазарот и инвеститорите.
И пред неколку месеци медиумите пишуваа дека Грција планира да ја врати драхмата, но тоа не се случи досега.
Според анализите на економистите, ова сценарио би имало и позитивни, но и негативни последици.