23 Април, 2024
0.0305

Што вели Меркел за граничните контроли во Шенген?

Објавено во: Свет 21 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Проверките на границите на Шенген државите остануваат додека не се подобри безбедноста на надворешните граници.

Ова го изјави германската канцеларка, Ангела Меркел по првиот ден од самитот на ЕУ во Брисел.

Европската комисија претходно си постави за цел да го обнови слободно патување во Шенген зоната до крајот на годината. На 12 ноември ќе објави извештај за тоа дали е помината опасноста за безбедноста на државите Германија, Австрија, Шведска, Данска и Норвешка. 6-те земји воведоа пасошка контрола минатата година со мотив дека грчките граници не се чуваат добро и преку нив влегуваат премногу илегални имигранти.

„Сакаме да се вратиме кон Шенген, но засега треба да имаме привремена контрола на внатрешните граници, која треба да одговара на тековните потреби. Намерата ни е да се вратиме кон Шенген чекор по чекор" - појасни Меркел, без да прецизира рокови.

За да може да ја подобри безбедноста на надворешните граници, Европската комисија инсистира земјите членки да ги испратат своите контингенти во новата гранична и крајбрежна стража на ЕУ, која стартуваше од Бугарија на 6 октомври. Бугарскиот е од 40 лица.

Меркел го опиша како „голем успех" создавањето на службата за гранична и крајбрежна стража само неколку месеци откако таа беше предложена од Европската комисија.

Од почетокот на 2016 година над 120 000 лица влегле во ЕУ преку централниот медитерански пат, многумина од нив спасени од одборот на европски бродови испратени да патролираат во морето.


Можеби ќе ве интересира

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Русите сили фрлиле бомби на своја територија

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Русите сили фрлиле бомби на своја територија

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството

МИЛИОНЕРКА ОД ДУБАИ ОТКРИ КАКО ИЗГЛЕДА НЕЈЗИНАТА КУЌА ПО НЕВРЕМЕТО: Куќата и била вредна три ипол милиони евра, за среќа имала слуги да и помогнат

МИЛИОНЕРКА ОД ДУБАИ ОТКРИ КАКО ИЗГЛЕДА НЕЈЗИНАТА КУЌА ПО НЕВРЕМЕТО: Куќата и била вредна три ипол милиони евра, за среќа имала слуги да и помогнат

ЗНААТ КАКО ДА ЗАРАБОТАТ ГОЛЕМИ ПАРИ: Во оваа земја бројот на млади милионери скокнал за цели 75 отсто!

ЗНААТ КАКО ДА ЗАРАБОТАТ ГОЛЕМИ ПАРИ: Во оваа земја бројот на млади милионери скокнал за цели 75 отсто!

ЗЕЛЕНСКИ: Ако француските авиони можеа да го заштитат небото на Израел, зошто не и на Украина?

ЗЕЛЕНСКИ: Ако француските авиони можеа да го заштитат небото на Израел, зошто не и на Украина?

(ВИДЕО) РУСИТЕ ЈА ПОГОДИЈА ТЕЛЕВИЗИСКАТА КУЛА ВО ХАРКОВ: Taa се скрши на половина и се урна

(ВИДЕО) РУСИТЕ ЈА ПОГОДИЈА ТЕЛЕВИЗИСКАТА КУЛА ВО ХАРКОВ: Taa се скрши на половина и се урна

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ ОБЈАВИЈА СНИМКА: Еве како го уништија бродот Комуна на Крим

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ ОБЈАВИЈА СНИМКА: Еве како го уништија бродот Комуна на Крим