Што значи да имате совршено CV?
Објавено во: Финансии 03 Февруари, 2017
Денес луѓето треба да бидат аналитички и флексибилни, бидејќи бизнисот е динамичен.
Недостатокот на индивидуален пристап, адаптиран за конкретната компанија, при аплицирање за ново работно место е една од најчестите грешки при подготовка на CV. Индивидуалниот пристап и истражувањето на компанијата секогаш му даваат предност на оној кој бара работа.
Доброто CV е јасно, читливо напишано, со богата содржина. Тоа е прв чекор за да ве повикаат на интервју. Често поради лошо напишано CV отпаѓаат квалитетни кандидати и тие нема ни да стигнат до интервју. Кратката биографија дава делумна слика за кандидатот, а интервјуто ја надополнува таа слика.
Една од најчестите грешки е да се подготвува биографија, која ќе се користи за апликација на 20 места.