18 Април, 2024
0.0240

Што значи DevOps за Вас како ИТ професионалец и за Вашата организација

Објавено во: Мои пари 09 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

На ИТ пазарот во последно време се јавува голема потреба од релативно нов профил кој станува доста актуелен во светот но и кај нас, а тоа е DevOps. Заради комплексноста на работата во компанијата при процесот на создавање на софтверскиот производ, се јавува потреба од лице кое ќе посредува меѓу сите инволвирани во тој процес, ќе ги координира, насочува, проверува, ќе биде одговорен за автоматизација на системските операции, скалирање на производот итн.

Според одредени истражувања и статистики, се предвидува дека до 2020 година речиси сите ИТ компании ќе имаат меѓу своите вработени и DevOps. Иако кај нас веќе постои побарувачка на пазарот за овој профил, на многумина не им е јасно што точно значи DevOps и зошто е исклучително важен сегмент во функционирањето на една ИТ компанија.

DevOps е една од најважните области која има влијание врз начинот на кој компанијата е структурирана и организирана околу процесите на развој и работење. Со примена на DevOps културата, процесот на работа се поедноставува, функционира поефикасно и побрзо, а со тоа и крајниот производ е секогаш успешен и навремено имплементиран. Многу успешни организации и онлајн сервиси како што се Netflix, Spotify, Facebook и LinkedIn успешно раководат со ИТ проектите користејќи ги принципите на DevOps.

DevOps инженерот претставува мост помеѓу две сосема различни гранки, т.е. Development и Operations тимовите. Во пракса, тие најчесто се систем администратори најмногу заради алатките кои се користат и тесната поврзаност со оперативните околини на кои што работат без разлика дали се Windows или Unix системи. DevOps инженерите мора да бидат способни да пишуваат скрипти за автоматизација на одредени процеси но, исто така, тие мора да имаат квалитетна комуникација со клиентот, да ги следат и разбираат неговите побарувања и на најефикасен начин навремено да го пласираат крајниот производ на клиентот, да ги елиминираат непотребните чекори, да ги минимализираат трошоците, да се избегнат можните грешки и слично.

Првата DevOps обука кај нас ќе се одржи месецов во Центарот за компјутерска обука Семос Едукација. „Соработката и добрата координација е многу важна во секој работен процес, особено кога постои голем тим со различни профили, а токму со помош на DevOps се создаваат високо-функционални организации. За сите оние кои сакаат да бидат чекор пред конкуренцијата и едни од првите DevOps експерти во Македонија, месецов започнуваме со првата обука од ваков тип во Семос Едукација. Во тек е пријавувањето за обуката која ќе започне на 12-ти февруари. Поголемиот дел од ИТ компаниите на еден или друг начин веќе го користат Devops концептот или барем еден негов аспект, но со оваа обука тие ќе се стекнат  со DevOps Fundamentals сертификација, соодветно ќе се обучат и квалификуваат за овој профил.” – изјави еден од тренерите во Семос Едукација.

DevOps експертот треба да има суштински познавања од работата на сите инволвирани страни во создавање на крајниот софтверски производ. Најчесто DevOps стануваат програмерите или системските инженери, кои покрај нивната примарна работа дојдоа до сознание дека постои можност да бидат поуспешни, поефикасни и да се искачат неколку скалила погоре во хиерархиската пирамида во рамки на компанијата. Но, покрај програмерите и системските инженери, DevOps е наменет и за сите индивидуалци вклучени во ИТ развој, ИТ операции или ИТ менаџмент на услуги. 

Можеби ќе ве интересира

Дали гласањето е право на избор или обврска? Дали е до нив, или до тебе е?

Дали гласањето е право на избор или обврска? Дали е до нив, или до тебе е?

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро

Празнувањето може да започне

Празнувањето може да започне

Забрзајте и олеснете ги секојдневните домашни работи со Gorenje

Забрзајте и олеснете ги секојдневните домашни работи со Gorenje

Работилници за врсничко насилство и за учениците од Берово во кампањата на „Макпетрол“

Работилници за врсничко насилство и за учениците од Берово во кампањата на „Макпетрол“

Караванот на Државна изборна комисија е дел од кампањата - „ТИ СИ НА РЕД“ и започнува утре во Градско, Битола и Пласница

Караванот на Државна изборна комисија е дел од кампањата - „ТИ СИ НА РЕД“ и започнува утре во Градско, Битола и Пласница

Јована Матевска Атанасова: Наградата „Пегаз“ е круната на мојот досегашен книжевен труд

Јована Матевска Атанасова: Наградата „Пегаз“ е круната на мојот досегашен книжевен труд

„Халкбанк“ организира работилници за заштита на животната средина во рамки на иницијативата „Прајслес планет“

„Халкбанк“ организира работилници за заштита на животната средина во рамки на иницијативата „Прајслес планет“

БИТОЛЧАНЕЦОТ Ј.М. ГО ОСВОИ РЕКОРДНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

БИТОЛЧАНЕЦОТ Ј.М. ГО ОСВОИ РЕКОРДНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ