19 Април, 2024
0.0381

Штом го купи Монсанто-ја крена профитната маржа до небо!

Објавено во: Агробизнис 22 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Германскиот земјоделско-хемиски концерн Бајер АГ ги зголеми своите прогнози во поглед на приходите и профитот, после потпишувањео на договорот за преземање на Монсанто.

„Оптимистични сме во поглед на среднорочниот развој на состојбата за Бајер и се поставивме во согласност со амбициозни цели“, се наведува во соопштението на генералниот директор на германската компанија Вернер Бауман, пренесуваат агенциите.

Од Бајер порачуваат дека во одделението за култури, во кои ќе биде интегриран Монсанто, ќе ја зголемат профитната маргина на повеќе од 30 отсто после 2020 година, а новите проекции, компанијата ги оправдува со „широка палета на производи“ кои ги нудат двете компании.

Одделението на Бајер за лекови сега цели кон годишен раст од просечни шест отсто до крајот на 2018 години и зголемување на профитната маргина помеѓу 32 и 34 отсто во однос на 30 од 2015 година.

„До крајот на 2023 година, планираме во продажба да пуштиме најмалку 20 нови фармацевтски производи“, се наведува во соопштението на генералниот директор.

Договорот за преземање на Монсанто, во вредност од 58,8 милијарди евра, е најголем за една германска компанија и ќе допринесе за креирање на гигант во секторот на агробизнисот, наведе АФП.

Спојувањето на двете компании допрва треба да го одобрат акционерите на Монсанто и да добие „зелено светло“ од регулаторните органи на ЕУ и САД.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари