Добивај вести на Viber
Стјуардесите на компанијата „Cathay Pacific“ од Хонк Конг се закануваат дека ќе престанат да им точат алкохолот на патниците, како и да им упатуваат насмевки бидејќи веќе начено били договорено дека преку "бел штрајк" во текот на Божиќ ќе бараат покачување на платите, објави нивниот синдикат.
Синдикатот на стјуардесите и стјуартите од оваа компанија најави ќе има селективно пшрименување на ваквите услуги за време на штрајк. Ова значи дека патниците може да не добијат замо насмевка, или пак да им биде скратен само пијалокот и храната, изјави главниот секретар на компанијата. Тие бараат за 2013 година покачување на платата од пет отсто, додека компанијата им нуди два проценти.
„Cathay Pacific“, во првата половина на годината бележеше загуби поради глобалното економско забавување, растот на цените на горивото и конкуренцијата во економската класа.