ШУЛЦ ВО ОДБРАНА НА МЕРКЕЛ: Критиката на Ердоган кон Меркел е бесрамна
Објавено во: Свет 19 Март, 2017
Новиот претседател на Германската социјалдемократска партија, Мартин Шулц ја нарече „бесрамна“ критиката која турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја упати кон канцеларката Ангела Меркел.
Оваа информација ја објави националниот весник „Die Frankfurter Allgemeine Zeitung“, цитиран од агенциите.
„Тоа дека претседателот на една пријателска земја навредува државен лидер на сличен начин, е вистинска дрскост“ - изјави Шулц.
Ердоган денеска ја обвини Меркел за употреба на „нацистички методи“ во врска со ситуацијата околу забраната за агитирање на турски политичари во Германија.
Властите во Германија забранија да се одржуваат собири кај нив, но Турција не се откажува од оваа идеја и мислат дека ќе имаат шанса за митинг пред референдумот кој ќе се одржи следниот месец.