28 Јули, 2017
0.1749

ШУТКА ДОБИ МИЛИОНЕР: Првиот џек пот во 2017!

Објавено во: Економија 12 Јануари, 2017

Низата милионери  на Државна Видеолотарија на РМ за 2017 ја започнуваме со М.М. Тој е среќниот добитник на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ освоен во Спорт Лаиф Трејд во скопско Шуто Оризари. Добивката  вредна 1.676.401 денар е освоена на 10 јануари во 17:26.

Државна  Видеолотарија по 25 милионери во 2016, го доби и првиот милионер за 2017. Среќниот играч М.М. е редовен играч на видеолотариските терминали на ДВЛМ. Во просториите на ДВЛМ, ни раскажа дека ова е негова прва добивка воопшто. На добивката МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТОТ вредна 1.676.401 многу и се радува. Звукот кој го слушнал кога ја освоил добивката го изненадил, а го доживеал како убав настан кој дефинитивно ќе му ја одбележи годината која само што започна. Планот за трошење на парите од добивката, првично вклучува купување нов автомобил.

Само за потсетување рекордниот  износ на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на ДВЛМ досега е вреден 1.794.419 денари, а беше освоен на почетокот на декември во Вемакс Тобако во Кичево, минатата година.

Добивките ЏЕК ПОТ, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на 1ви јуни мината година. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари. Досега под мотото Играј за забава, освоени се 26 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 37.827.187 денари. Покрај нив, освоени се и 3382 Мини Џек Пот добивка во вкупен износ од 25.371.237 денари.

Мината година на 12 октомври, под мото Играј за забава го започнавме промотивниот караван  низ Македонија. Во рамки на караванот, екипата на ДВЛМ на местата каде се поставени нашите видеолотариски терминали, носи многу изненадувања, промотивни ваучери, подароци и забава. Досега реализиравме промоции во Прилеп, Битола, Кичево, Гостивар, Тетово, Македонски Брод, Охрид, Струга, Куманово, Крива Паланка, Кратово, Свети Николе, Штип, Струмица, Дојран, Валандово, Велес, Гевгелија, Кавадарци, Неготино, Богданци.

Денес (12.01.17) и утре (13.01.17) се гледаме во Скопје.


Можеби ќе ве интересира

КРЕДИТЕН РЕЈТИНГ: Каде е Македонија?

КРЕДИТЕН РЕЈТИНГ: Каде е Македонија?

Се топат странските депозити во Катарските банки

Се топат странските депозити во Катарските банки

Што треба да знаете за акцијата на „Гранит“?

Што треба да знаете за акцијата на „Гранит“?

БРОЈАТ МИЛИЈАРДСКИ СУМИ: Facebook објави неочекувано високи приходи

БРОЈАТ МИЛИЈАРДСКИ СУМИ: Facebook објави неочекувано високи приходи

Зошто „Македонијатурист“ е најтргуваната акција?

Зошто „Македонијатурист“ е најтргуваната акција?

Еврото расте, швајцарскиот франк паѓа

Еврото расте, швајцарскиот франк паѓа

НБРМ: Растот на домашните цени очекувано забрза и достигна 1,2% на годишна основа

НБРМ: Растот на домашните цени очекувано забрза и достигна 1,2% на годишна основа

Екс директорот на Вип си најде нов оператор - Ќе „директорува“ со Црногорски Телеком

Екс директорот на Вип си најде нов оператор - Ќе „директорува“ со Црногорски Телеком

Европската инвестициска банка повторно со доверба во Хојер

Европската инвестициска банка повторно со доверба во Хојер