23 Април, 2024
0.0265

Швајцарците строго против членство во ЕУ и НАТО

Објавено во: Свет 28 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Поголемиот дел од Швајцарците сакаат нивната земја да води политика на неутралност и економска независност. Само 19% од граѓаните се "за" влез во НАТО и само 15% - "за" членство во Европската унија. Тоа го предвидува објавено од Берн годишен извештај "Безбедност 2017".

 "Процентот на луѓето кои имаат поволен однос кон пристапување кон Европската унија или НАТО, е многу низок", се истакнува во истражувањето. Во споредба со минатата година, бројот на оние кои сакаат да се приклучат на ЕУ, е намален за 1%. Во исто време, 81% од швајцарските граѓани ја одобруваат економската соработка со заедницата, која е главен трговски партнер на алпската република. Што се однесува до НАТО, како и минатата година, пристапувањето кон Северноатлантската алијанса го поддржуваат 19% од испитаниците. Вкупна "неутралност" сепак преферираат близу 95 отсто од граѓаните. 

73% од Швајцарците се песимисти кон перспективите за развој на средината за безбедност во светот, но вкупно 93% се чувствуваат сигурни во својата земја. Во споредба со 2016 година се зголемува довербата во државните институции и во печатот - од 0,1 до 6,7 поени на скалата. Најголема доверба во овој случај е изразена кон полицијата (7,9). 

Извештајот подготвен од експерти на Воената академија и Центарот за безбедносни студии и Федерално Политехничкото училиште во Цирих, ги претстстави резултатите од истражувањето спроведено во јануари од институтот LINK меѓу 1209 испитаници. 

Специјалистите велат дека оваа година голем број на фактори влијаеле на одговорите на граѓаните. На прво место, во извештајот се наведува "постојаните тензии меѓу Русија и Европската унија во врска со кризата во Украина. 

Ова имаше влијание врз ставовите на испитаниците, како и прашањето со бегалците во Европа, излегувањето на Велика Британија од ЕУ и терористичките напади во Стариот континент.

Можеби ќе ве интересира

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството

МИЛИОНЕРКА ОД ДУБАИ ОТКРИ КАКО ИЗГЛЕДА НЕЈЗИНАТА КУЌА ПО НЕВРЕМЕТО: Куќата и била вредна три ипол милиони евра, за среќа имала слуги да и помогнат

МИЛИОНЕРКА ОД ДУБАИ ОТКРИ КАКО ИЗГЛЕДА НЕЈЗИНАТА КУЌА ПО НЕВРЕМЕТО: Куќата и била вредна три ипол милиони евра, за среќа имала слуги да и помогнат

ЗНААТ КАКО ДА ЗАРАБОТАТ ГОЛЕМИ ПАРИ: Во оваа земја бројот на млади милионери скокнал за цели 75 отсто!

ЗНААТ КАКО ДА ЗАРАБОТАТ ГОЛЕМИ ПАРИ: Во оваа земја бројот на млади милионери скокнал за цели 75 отсто!

ЗЕЛЕНСКИ: Ако француските авиони можеа да го заштитат небото на Израел, зошто не и на Украина?

ЗЕЛЕНСКИ: Ако француските авиони можеа да го заштитат небото на Израел, зошто не и на Украина?

(ВИДЕО) РУСИТЕ ЈА ПОГОДИЈА ТЕЛЕВИЗИСКАТА КУЛА ВО ХАРКОВ: Taa се скрши на половина и се урна

(ВИДЕО) РУСИТЕ ЈА ПОГОДИЈА ТЕЛЕВИЗИСКАТА КУЛА ВО ХАРКОВ: Taa се скрши на половина и се урна

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ ОБЈАВИЈА СНИМКА: Еве како го уништија бродот Комуна на Крим

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ ОБЈАВИЈА СНИМКА: Еве како го уништија бродот Комуна на Крим