24 Април, 2024
0.0275

Швајцарски експерти за унапредување на енергетската ефикасност во Македонија

Објавено во: Мои пари 09 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Директорот на Агенцијата за енергетика на Република Македонија, г. Александар Дуковски и директорката на Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), г-ѓа Розанди Лоу,потпишаа меморандум за соработка за ефикасна, континуирана и координирана соработка помеѓу ИМЕ програмата иАгенцијата за енергетика во областа на енергетската ефикасност.Меморандумот се однесува на координација на активноститеза развој на модел за нудење на енергетски услуги во Македонија и потребните законски измени за операционализација на тој модел.

„Се надевам дека швајцарските искуства во енергетската ефикасност ќе помогнат во развојот на овој сектор во Македонија. Програмата за зголемување на пазарната вработливост веќе направи  анализа на секторот, како и на можностите за развој во оваа област, а веќе отпочнавме и конкретни активности за подобрување на енергетската активност во хотелиерството. Со овој меморандум ќе се продлабочи нашата соработка со Агенцијата за енергетика како клучен фактор за развој на овој сектор“, изјави Розанди Лоу, програмски директор на ИМЕ.

Соработката меѓу ИМЕ програмата и Агенцијата за енергетика вклучува стручна помош за изработка на анализа за енергетски услуги во јавниот сектор и потенцијалите за давателите на енергетски услуги, развој на модели за тендерски постапки за енергетските услуги, поддршка за промена на законодавството за имплементација на овие модели, како и промоција на добрите практики за тендерските постапки за енергетските услуги.


Според директорот на Агенцијата за енергетика на Република Македонија, Александар Дуковскиагенцијата се фокусира на зголемена соработка со чинителите во енергетскиот сектор, како во Република Македонија така и надвор од неа.

„Со потпишување на овој меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за енергетика на Република Македонија и Програмата за зголемување на пазарната вработливост се продлабочува веќе добрата соработката помеѓу нас и очекуваме дека наскоро ќе има видливи резултати во реална имплементација на мерки за енергетска ефикасност од страна на компании кои ќе работат според моделот за нудење на услуги за подобрување на енергетската ефикасност во секторите каде енергетската интензивност е најголема“, речеАлександар Дуковски.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка