20 Април, 2024
0.0281

Швајцарија им блокираше една милијарда долари на арапските диктатори

Објавено во: Свет, Финансии 17 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Швајцарија замрзна речиси една милијарда швајцарски франци, односно повеќе од една милијарда долари, украдени средства поврзани со диктатори во четирите земји на  Арапската пролет - Египет, Либија, Сирија и Тунис, соопштува швајцарското министерството за надворешни работи. Швајцарските власти соработуваат со правосудните органи на Тунис и Египет да се забрза повратот на овие средства, но се очекува дека тоа може да потрае со години, изјави шефот на одделението за меѓународното право, Валентин Зелвегер. „Во минатото, најбрзо беше решен случајот за  Абача кој траеше пет години", вели Зелвегер, потсетувајќи на повратокот на средства на сега  веќе починатиот нигериски диктатор Сани Абача. Швајцарската министерка за надворешни работи Дидие Буркхалтер, во неделата во Каиро,  разговараше со својот египетскиот колега Мохамед Камал Амрон за соработка  на правосудните органи на државите поради враќање на блокираните средства, вели Зелвегер. Тој додава и дека најголемиот дел од блокираните средства, 700 милиони франци, се поврзани со поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак и неговите соработници. Замрзнати се околу 60 милиони франци поврзани со соборениот туниски претседател Бен Али и 100 милиони франци поврзани со убиениот либиски лидер Моамер Гадафи и сирискиот претседател Башар ал-Асад и неговите соработници. „Денес во рамките на Арапската пролет, блокирани се вкупно една милијарда франци", вели Зелвегер на прес-конференцијат во Женева, каде што ги презентираше најновите податоци за износот на средства блокирани во почетокот на 2011 година.

Можеби ќе ве интересира

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан