Добивај вести на Viber
Листата на европските банки, кои се погодени од изненадниот крај на минималниот девизен курс на швајцарскиот франк, станува долг. Во меѓувреме и швајцарската Credit Suisse, како и данската Saxo Bank предупредија дека нивните финансиски резултати може да настрадаат поради одлуката.
Credit Suisse, втората по големина швајцарска банка, сигнализираше дека валутните флуктуации може да имаат огромна улога на нејзината добивка во зависност од контрамерките на менаџментот. Досега нестабилноста немала суштинско влијание врз капиталните квоти, изјавија од Цирих банка.
Според Андреас Вендити, аналитичар во Vontobel Securities во Цирих, "резултатите од швајцарските банки ќе бидат значително пониски од досега очекуваното". Влијанието ќе зависи од тоа колку брзо фирмите ќе успеат да реагираат и колку детални ќе им бидат мерките. "Ништо уште не е поминато", предупредува тој.
Со седиште во Копенхаген Saxo Bank изјави дека најверојатно ќе регистрира загуба, бидејќи некои клиенти немале доволно гаранции за да ги покријат загубите од трговијата со франци. Иако загубите ќе бидат вратени, Saxo Bank ќе е во можност да ги пречека своите капитални барања, се вели во соопштението.
Во многу швајцарски банки трошоците се во франци и и се повисоки од приходите во странска валута.
Julius Baer, третата по големина швајцарска банка, објасни дека нејзините менаџери ќе преземат разумни мерки за да ја задржат профитабилноста и покрај силниот франк. Банката не претрпела загуби во двата трговски дена по објавувањето на одлуката на централната банка.
Најголемата швајцарска банка UBS Group засега не давала коментар за влијанието на валутни флуктуации. Citigroup, Deutsche Bank и Barclays според информирани извори загубиле вкупно 400 милиони долари поради одлуката на швајцарската централна банка.
Во Велика Британија Комисијата за финансиски надзор им пишала на околу 90 брокери и побарала информации за можните последици од валутни флуктуации. IG Group објави дека очекува поради наглото зголемување на франци загуба од не повеќе од 30 милиони фунти, откако биле погодени неколку стотици клиенти. Британскиот монетарен брокер Alpari сепак може да биде затворен, откако не успеа да најде купувач, кој ќе ги преземе загубите.
К.К.