Швајцарскиот Цуг има 27.000 жители и 29.000 компании
Објавено во: Свет 01 Април, 2013
Европското седиште на американскиот синџир за брза храна „Кинг Бургер“ се наоѓа во Цуг, но е маал и нема голем број вработени, пренесува шпанскиот дневен весник „Економиста“.
Според податоците на шпанскиот весник „Динеро“ во Цуг се регистрирани 29.000 компании што значи дека во овој мал швајцарски кантон има повеќе компании од жители.
Големиот број регистрирани компании во Цуг не е изненадување бидејќи овој кантон има најниски даноци.