Добивај вести на Viber
Шест земји-членки на ЕУ, меѓу кои и Шведска, со писмо до еврокомесарот за миграции Сесилија Малмстром побараа привремено да се врати визниот режим за земјите од Западен Балкан.
Писмото потпишано од Белгија, Луксембург, Франција, Шведска, Германија и Холандија ќе се разгледува денеска на средбата на европските минитри за миграции во Луксембург.
Шведска е една од шесте земји-членки на ЕУ која сака повторно да се воведат визи за Западен Балкан, поради зголемениот број на Роми кои бараат азил. Од 2009 година кога беше воведена визната либерализација, околу 20.000 лица од Западен Балкан побарале азил во Шведска, а мнозинството од нив се Роми.
Шведскиот министер за миграции Тобиас Билстром изјавил дека тоа го оптоварува буџетот на шведскиот Завод за миграции во услови кога ресурсите треба да бидат насочени кон бегалци кои доаѓаат од Сирија, погодена од граѓанска војна.