Шведска нема да го гони основачот на Викиликс
Објавено во: Свет 19 Мај, 2017
Шведското обвинителство ја прекинува истрагата која траеше 7 години за наводно силување и која се водеше за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. За него има распишано потерница во Британија.
Маријане Ну, директорка на шведското јавно обвинителство, одлучи да ја прекине прелиминарната истрага, беше соопштено денеска кога истекува рокот за обвинителството да ја обнови или тргне европската потерница за Асанж пред судот во Стокхолм.
Шведските власти пред 6 месеци извршија разговор со Асанж во Амбасадата во Лондон, и притоа тој ги негирал обвинувањата за силување.
Асанж од 2012 година живее во амбасадата на Еквадор во Лондон, со цел да ја избегне екстрадиција во Шведска. Тој се плаши дека може да биде пратен во Шведска од британските власти, а потоа би можел да биде екстрадиран во САД каде што е баран поради објавувањето на 500 000 тајни документи на Викиликс.