Шведска се противи, не сака европска банкарска унија!
Објавено во: Свет 12 Декември, 2012
Шведска би можела да остане надвор од планираната европска банкарска унија, а тоа би имало само ограничено финансиско влијание врз државата, изјави шведскиот министер за финансии Андерс Борг во Стокхолм.
Според министерот Борг шведскиот парламент смета дека државата може да остане надвор од таа Унија без какви било големи последици за домашниот финансиски систем.
Лидерите на ЕУ на самитот закажан за 13 и 14 декември во Брисел ќе се обидат да ги надминат меѓусебните разлики и договорат за основање заеднички регулаторен орган за надзор на банките.
„Се работи за тоа дали прописите на Европската банкарска агенција ќе значат дека врз државите вон зоната на еврото ќе доминраат тие држави, кои се во тој блок“, изјави Борг