28 Март, 2024
0.0237

Швеѓанец бил милијардер два часа

Објавено во: Стил 12 Јули, 2012

Добивај вести на Viber

Еден Швеѓанец од Остерсунд доживеал вистински шок кога вчера ја проверил својата банкарска сметка. Некој му префрлил на неговата сметка 6.206.028.315 круни, односно околу 900 милиони евра.

- Замалку ќе паднев во несвест. Тоа е фантастична сума, вели 50-годишниот Швеѓанец.

Но, среќата била краткотрајна. Два часа подоцна парите исчезнале.

Шведската банка „Сведбанк“, каде што Швеѓанецот има своја сметка, нема никакво објаснување како можела да се случи таква фантастична трансакција.

- Не мора да значи дека парите се дојдени од нас. Тоа би можела да биде уплата од каде било во светот, вели Ана Сундблад, одговорна со контакти со медиуми при „Сведбанк“.

Сепак, вакви шокантни случки ретко се доживуваат.

- Тоа е мошне, мошне необично, и навистина се случува мошне ретко. Очигледно дека станува збор за некаква чудна грешка, вели Ана Сундблад за шведскиот весник „Експресен“.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи