СИГУРЕН БИЗНИС: Најлесно се продаваат и издаваат
Објавено во: Економија 25 Март, 2017
На пазарот на недвижнини гаражите добро котираат.
Бидејќи ги има малку, гаражите за неколку дена може да се продадат.
Исто така тие може и да се издаваат.
Во Србија, во атрактивни делови на Белград се продаваат гаражи и за 20.000 евра, а месечно се издаваат за 50 до 100 евра.
Од агенциите за недвижнини, велат дека рентањето на гаражи е сигурен бизнис.
Пари на ваков начин се заработуваат, а газдата нема грижи коишто вообичаено ги имаат оние кои издаваат стан под кирија.
Гаражите од 16 квадрати во многу случаи се користат и за складирање на различна стока, како магацин или пак како работилница.
На пазарот се поголем интерес има и за монтажните гаражи.