28 Март, 2024
0.1027

Силен интернационален тим оваа година ќе работи со учесниците на кампот на Лазаров

Објавено во: Мои пари 25 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

На нешто помалку од еден месец до стартот на третиот камп на капитенот на македонскиот национален тим, Кирил Лазаров, се комлетира тренерскиот кадар кој и оваа година ќе ги пренесува своите искуства и знаења на повеќе од 300 дечиња од Македонија, Романија, Србија, Босна, Словенија, Шведска, Данска...

Горан Кузманосвски и Бранислав Ангеловски, македоснки репрезентативци со долг репрезентативен стаж и богата интернационална кариера од самиот старт на овој проект се фундаментален дел на нашиот камп, а така ќе биде и оваа година на терените пред хотелот „Аквалина“ во прекрасниот Охрид.

-  „Ова е трета година како ќе бидам дел од кампот на мојот голем пријател и колега од репрезентацијата, Кирил Лазаров и можам да кажам дека од самиот старт се пронајдов во работата со најмладите учесници на кампот.  Кампот е навистина организиран на многу високо ниво, што покажува и интересот за истиот како во Македонија, така и во Романија од каде што и оваа година ќе присуствуваат повеќе учесници. До минатата година работев со млади категории во мојот клуб, Одорхеи, а оваа сезона водечките луѓе на клубот покажаа голема доверба кон мене, приклучувајќи ме во стручниот штаб на сениорскиот тим. Од пред неколку месеци сум и прв тренер на тимот.“ – изјави Горан Кузманоски за официјалната Веб страна на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“.

Бранислав Ангеловски со подршка за овој многу важен прокет на најдобриот десен бек на планетата:

-  “Идејата на Кире своето ракометно и животно искуство и искуството на сите ние кои инволвирани во ракометот долги години да се пренесе на оние кои доаѓаат на ракометната сцена е одлична и затоа уште од почетокот во 2015-та сум дел од самиот камп и се трудам максимално да се посветам на работата со нашите учесници. Долги години сум во ракометот и покрај моето искуство од играње во повеќе земји, последите години активно се подоготвувам и на теоретски план, а паралено работам со млади категории во клубот во кој моментално настапувам“.

Минатиот јуни Младен Ракчевиќ три дена беше гостин на Капитенот на кампот во Охрид и остави одличен впечаток во делот на индивидуалната работа со пивотите. Оваа година во тандем со соиграчот од Констанца, Ангеловски, ќе „држи“ смена на кампот и паралелно ќе работи со нашите учесници на неговата позиција на која владее со години.

-  „На кампот на Капитенот ќе обрнеме внимание на техниката, поставувањето, делот на обезбедување простор на линијата од шест метри, шутерска техника, а ќе работиме и на теоретскиот дел каде што ќе се обидам да ги пренесам искуставта акомулирани во текот на мојата кариера“ – големиот борец Ракчевиќ за Веб страната на кампот на Кирил Лазаров.

Екс-селекторот Владимир Глигоров има само пофални зборови за најголемиот спортки камп во државата:

-  „Кампот е идеално место каде што децата можат да добијат правилни информации во однос на тоа како треба да се однесува и живее еден спортист, како треба да се однесува спрема тренингот, тренерот и своите соиграчи. Можноста сето тоа да го слушнат и од веке проверени и докажани играчи кои настапуваат во репрезентацијата дополнително влијае за нивната мотивираност за тренинг и работа“.

Покрај Кузмановски, Ангеловски, Ракчевиќ и Глигоров на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ во улога на тренери и демонстратори свој придонес ќе имаат и селекторот Борче Марковски, тренерот на дански Сондресјуске Оливера Кецман, данските тренери Нилсен и Барслев, македонските тренери во Шамбери (Франција) - Данило Брестовац и Борусија Дортмунд (Германија) - Наташа Коцевска,  тренерот на РК Прилеп Ице Соколески и двоецот од РК Аеродром, специјалнизиран за млади категории, Дарко Петровски и Горан Стојков.

Се гледаме во Охрид!

Можеби ќе ве интересира

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери