20 Април, 2024
0.0274

Силен ветар во повеќе краишта низ Македонија

Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Засилен јужен ветер со брзина од околу 90 километри на час ги зафати денеска Пелагонија и Штипско, соопшти УХМР.

Во западните и северните делови од Македонија е облачно со врнежи дожд кои на повеќе места беа обилни. До 13 часот наврнаа 34 литри на метар квадратен во Маврово, 28 во Пожаране, 26 во Лазарополе, 22 во Скопје (Зајчев Рид) и Тетово, 19 во Куманово, 17 во Дебар, 10 во Скопје (Петровец), 6 во Ѓуриште, 4 во Крива Паланка, два во Охрид и Прилеп. Имаше и појава на грмежи, најпрво во западните делови, а во текот на денот се преместија кон север и североисток.

Во јужните делови се задржа променливо облачно и топло време со засилен јужен ветер.

Облачно време со повремен дожд, грмежи и засилен ветер ќе преовладува до крајот на денот и во текот на ноќта. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови од земјата.

Утре времето ќе биде променливо облачно, со повремен дожд со променлив интензитет. На места врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, во форма на невреме и со услови за изолирана појава на град. Нестабилноста ќе биде позастапена во источната половина на земјава. Се очекува локално да наврнат околу 30 литри на метар квадратен.

Во Скопје до крајот на денот и утре ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Во четврток врнежите ќе бидат со слаб интензитет, а на повисоките планини ќе преминат во снег. Променливо облачно и врнежливо ќе се задржи и во наредните денови, а температурата ќе биде во опаѓање.


Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители