Силен земјотрес, а опасност од цунами нема
Објавено во: Свет 10 Февруари, 2017
Потрес со јачина од 6,7 степени го стресе островот Минданао во јужниот дел на Филипините.
И покрај силниот
земјотрес, немало опасност од цунами.
Епицентарот бил на длабочина од 10
километри, источно од градот Суригао,
лоциран на крајниот север од островот,
кој е втор по големина град на Филипините.
Според сведоците, тресењето се
чувствувало околу една минута, а засега нема пријавено жртви и
материјална штета.
Земјотресот е почувствуван и во околните места.