Силен земјотрес и во Аргентина, на граница со Чиле
Објавено во: Свет 13 Ноември, 2016
Земјотрес со интензитет од 6,2 степени денеска ја погоди Аргентина, во близина на границата со Чиле, соопшти геофизички институт на САД, цитиран од агенциите и ТАСС.
Потресот се случил околу 8 часот утрово.
Епицентарот се наоѓал на 27 километри од градот Чилесито и 82 километри северозападно од големиот град Ла Риоха, на длабочина од 101 километри. Нема информации за жртви и причинета материјална штета.
Претходно денеска во истата област беше регистриран земјотрес со интензитет од 5,7 степени.