Силен земјотрес на 137 километри северно од Букурешт
Објавено во: Балкан 05 Јануари, 2017
Земјотрес од 4 степени е регистриран во Романија, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Епицентарот е на длабочина од 140 километри и се наоѓа на 52 километри источно од градот Сфанту Ѓорге и на 137 километри северно од главниот град Букурешт.
Утрово земјотрес имало во западна и централна Турција, Италија и Швајцарија.