Силен земјотрес на 47 километри од Атина
Објавено во: Балкан 24 Март, 2017
Земјотрес од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во јужна Грција, според податоците од Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Епицентарот се случил во 6,24 часот по локално време и бил на длабочина од 158 километри односно на 16 километри југозападно од нос Сунион, на брегот на Егејското Море и на 47 километри јужно од главниот град Атина.
Земјотреси денеска имало во Турција, Италија, Кипар, Швајцарија, Романија, Џорџија и други земји.