Силен земјотрес стресе уште една земја
Објавено во: Свет 20 Септември, 2017
Силен земјотрес од 6,1 степени денеска го погоди крајбрежјето во близина на нуклеарната централа Фукушима во Јапонија.
Епицентарот бил на длабочина од 10 километри. Погодено е подрачје на 281 километар источно од градот Камаиши на Хоншу, најголемиот остров во Јапонија.
Во март, 2011 година во близина на Фукушима се случи разорен земјотрес по кој следеше цунами, што ја оштети нуклеарната централа.
Загинаа повеќе од 18.500 луѓе и се стопија три реактори во Фукушима.
Уште не се познати детали за материјална штета или човечки жртви.