23 Април, 2024
0.0292

Силни на хартија, слаби во пракса- колку законите ги штитат слепите лица?

Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Мила, непосредна, интелегентна,образована, срдечна, професионална -вака оние кои ја познаваат ја опишуваат Милица Трпевска од Тетово. Таа е слепа од своето раѓање но  тоа не ја спречило да ги реализира замислените цели.  Животниот пат вели и бил исполнет со многу предизвици и падови но  и среќни моменти.

“Мојот пат до успехот беше исполнет со многу предизвици, но и многу среќа. Како и повеќето успешни луѓе кои ги познавам, и јас сум упорна, амбициозна и исполнителна. Тие мои карактеристики ми помогнаа лесно да ги прифаќам предизвиците и да се справувам со нив. Родена сум со целосно оштетување на видот. Се разбира, на патот до успехот сум се соочувала со многу бариери, токму поради тоа што сум лице со попреченост. За повеќето лица со оштетување на видот  животот е потежок, во споредба со оној на повеќето луѓе кои немаат попреченост. Тие имаат доста ограничен избор на работни места. Најголема пречка е ограничената мобилност, бидејќи повеќето работни места бараат движење и теренска работа. Сметам дека за да бидат успешни, лицата со оштетување на видот треба да бидат упорни, тактични и трпеливи. Доколку ги усогласат желбите и можностите и се истрајни во својата цел, патот кон успехот ќе биде тежок, но реално остварлив, како што беше и во мојот случај”-вели Милица.

Посетувала настава во Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ во  Скопје, по што се префрлила  во тетовската гимназија. Таму се сеќава дека  морала сама да се снаоѓа, родителите да и ги читаат лекциите, бидејќи  немало учебници на Брајово писмо, а повеќето наставници не ги прилагодувале  предавањата. Следувал нов предизвик- се запишала на новинарство и политички науки на Американскиот универзитет во Благоевград, Бугарија. Патувала до Софија за да го заврши курсот за компјутери.  До крајот на студиите била  една од најдобрите студенти. Сега ситуацијата за лицата си попреченост  смета дека  е доста подобрена, но вели  треба уште многу да се работи во делот на  законските измени кои треба да донесат трајни и системски решенија.

“Една од најзначајните промени која се најавува е пристапот до услуги за персонална асистенција. Сметам дека тоа многу ќе ни го олесни животот и пристапот до работните места. Она на што сеуште треба да се работи е подобрување на инфраструктурата и пристапноста. Улиците се сеуште полни со паркирани возила, што прави движењето со бел стап да е речиси невозможно. Сеуште нема закон кој ќе гарантира слобода на движење со кучиња водичи. Сметам дека треба да се направат потребните законски промени за да се ограничи движењето на возилата и да се обезбедат кучиња водичи, како и програми за обуки за ориентација во простор и движење со кучиња водичи. Надвор ги има обезбедено сите тие работи, особено во границите на Европската Унија. Дури и во Хрватска, има функционален тренинг центар за кучиња водичи. Добро би било тие практики да се пренесат и во Македонија, но додека тоа се случи, персоналната асистенција е одлично преодно решение”- додава Милица.

Во родното  Тетово вели и е најубаво но сепак  има доста ограничена културни и рекреативни понуди. Повеќето млади луѓе се социјализираат во кафулињата, многу ретко има организирани културни иницијативи и фестивали. Оние што ги има  како што вели не се инклузивни, т.е. во нив речиси и да не учествуваат лица со попреченост.

“Има многу малку настани, трибини и дебати за правата на лицата со попреченост и за прашања кои нас не засегаат. Затоа, многу пати ми се налагало самостојно да се организирам и да доаѓам во Скопје за посета на настани, дебати и трибини, како и за социјализација со професионалци кои, како и јас, работат во граѓанскиот сектор”- потенцира Милица.

Законската регулатива според неа ги штити лицата со оштетување на видот само на хартија, но во практика има доста проблеми. За поголема интеграција на овие лица во системот смета дека треба да се воведат професионална рехабилитација, преквалификација и мотивациски обуки кои би ја зголемиле мотивацијата кај лицата со попреченост за работа.

“На пример, Законот за вработување на лицата со попреченост предвидува финансиски бенефиции за работодавачите кои вработуваат лица со попреченост (20 до 40 просечни плати за вработување на едно лице со попреченост). Сепак, не постојат позначајни мерки за мотивација на лицата со попреченост, особено со оштетување на видот, за инклузија на пазарот на трудот. Повеќето лица со целосно оштетување на видот примаат туѓа нега (надоместок за нега и помош од друго лице), како и „додаток за слепило“. Тоа е износ кој изнесува околу 11,000 денари. Повеќето лица со оштетување на видот не се мотивирани да работат бидејќи сметаат дека овој износ им е доволен и не сакаат да го изгубат правото на додаток за слепило кое е условено. Т.е. зависи од висината на нивните приходи. Со други зборови, доколку годишните приходи на лицето со попреченост се поголеми од годишната просечна нето плата, тоа го губи правото на додатоците за слепило, мобилност и глувост. Најавени се измени кои ќе ја укинат условеноста на ова право”-нагласува Милица.

Дополнителен проблем е инклузијата во образовниот систем  кој вели сеуште не е инклузивен, т.е. инклузијата се применува парцијално.Оттука смета дека е  потребен  посеопфатен надзор на инклузивниот процес и континуирана обука на наставниците.

“Има училишта кои се целосно инклузивни, имаат инклузивни тимови, прават се’ што е во нивна моќ за да бидат достапни и пристапни за лицата со попреченост. Сепак, во повеќето училишта инклузивните тимови не функционираат. Онаму каде што има дефектолози, тие буквално го имаат целиот „товар“ за работа со учениците со попреченост. Се’ е оставено на нив, повеќето други наставници многу малку или воопшто не работат со учениците со попреченост затоа што има дефектолог во училиштето.Институциите кои се одговорни за квалитетно образование, како што се МОН и Бирото за развој на образование, треба да ја надгледуваат работата на наставниците и да им даваат совети за инклузивни пристапи на работа”-  додава Милица.

Денес таа е  вработена во проект за размена на податоци од доменот на миграциите. Има малку слободно време бидејќи сака сите работи да бидат до крај завршени.  Порачува лицата со попреченост  не треба да  се обесхрабруваат. Условите и законските решенија никогаш нема да бидат идеални но вели  останува  желбата и истрајноста да се борат  за остварување на нивните права и да го подобрат  квалитетот на нивниот живот.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...