19 Април, 2024
0.0460

Силно невреме предизвика прекини во снабдувањето со електрична енергија во југозападна Македонија

Објавено во: Мои пари 14 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Големо невреме проследено со обилни врнежи од дожд и снег предизвикаа прекини во снабдувањето со електрична енергија во југозападниот дел на Македонија. 

Без напојување се дел од населените места во планинските региони во охридско, струшко, во кичевско, гостиварско, во Ресен и околните села, во реканскиот крај, во марвровскиот регион и неколку планински села во тетовскиот регион. 

Екипите на ЕВН Македонија во текот на вчерашниот ден ги санираа дефектите во повеќе населени места освен онаму каде што имаше проблеми со пристапот поради големи наноси од снег и одрони на патот. Од утринава екипите се постојано на терен и како ги санираат дефектите, така населените места се пуштаат под напон. 

ЕВН ги активираше сите расположливи ресурси, човечки и материјални, со цел побрзо справување со дефектите од невремето. Зимските возила, моторните санки и целата опрема е во служба на екипите за пробивање на најкритичните и непристапни места. ЕВН Македонија е во постојана координација со другите енергетски компании кои го сочинуваат енергетскиот систем во земјава, со цел надминување на сите проблеми кои ги предизвика невремето.

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година