24 Април, 2024
0.0256

Синдикатите против вицепремиер од бизнис заедницата

Објавено во: Економија 24 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

По повод најавите кои се пласираат во јавност деновиве, дека вицепремиер за економски прашања во новата влада ќе биде претставник од бизнис заедницата, од синдикатите велат дека се против оваа идеја.

Во соопштение до медиумите тие пишуваат:

„Сите влади кои ги имала независна Македонија биле на страната на бизнисот. Но, ваквата про-бизнис ориентација беше особено изразена за време на изминатите 11 години. Не случајно главната перјаница на владеењето на Никола Груевски беше искачувањето на Македонија на Дуинг Бизнис листата и тоа што таа го достигна 10-тото место во светот.

Ваквите политики, во комбинација со ниските и рамни даноци, кратењето на работничките права, уништувањето на образованието и распространетата корупција, доведоа во Македонија денес да имаме предаторски општествен систем, во кој успеваат само моќните и богатите.

Заради таквиот систем во времето на Никола Груевски Македонија станавме рекордери во Европа по сиромаштија, социјална раслоеност и смртност на работници, а стапките на економски раст беа пониски отколку за времето на претходните две влади.

Нужно е да сфатиме дека за да може Македонија конечно да тргне по вистинскиот пат на развојот, мора да има промена во економските политики, но не во насока на уште поголемо фаворизирање на бизнисот, туку во спротивна насока, во насока на градење на поинклузивно општество.

Владата и бизнис заедницата имаат различни интереси, кои понекогаш и се преклопуваат, ама во поголем дел од времето се спротивни едни на други. Заради тоа владата и бизнис заедницата се одвоени, исто како што се одвоени државата и црквата. Меѓу нив треба да постои соработка, ама таа соработка е на ниво на трипартитен дијалог канализиран преку Економско-социјалниот совет, во кој, покрај владата и бизнис секторот, се вклучени и синдикатите.

Заради сите овие причини, ние силно се противиме на идејата за именување на вицепремиер од бизнис секторот“.

Потписници на Повелбата за солидарност во поддршка на оваа иницијатива:

Синдикат на македонската дипломатска служба (СМДС)
Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ)
Самостоен синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ)
Левичарско движење СОЛИДАРНОСТ
Движење за социјална правда ЛЕНКА
Синдикат на културата на Република Македонија (СКРМ)
Мултиетнички синдикат на образование (МЕСО)
Конфедерација на синдикалните организации на Македонија (КСОМ)
Независен академски синдикат (НАкС)
Младинска организација МУГРА
АГРО Синдикат
Тивкото мнозинство ГЛАСНО (Штип)
Достоинствен работник (Прилеп)

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска