Синоќа изгорел автомобилот на црногорскиот опозиционер Ѓукановиќ
Објавено во: Балкан 18 Март, 2017
Возилото на пратеникот на црногорскиот опозициски Демократски фронт Милутин Ѓукановиќ делумно изгорел ноќеска, а полицијата ги утврдува причините за пожарот кој го уништил предниот дел на автомобилот.
Пожарот се случил околу полноќ во Никшиќ, каде што живее овој пратеник од ДФ. Медиумите пренесуваат дека со брзата интеревенција на пожарникарните екипи е спречено ширење на пожарот.
Полицијата извршила увид и после вештачењето требало да биде позната причината на пожарот. Целокупната опозиција во Никшиќ ги бојкотираше минатонеделните избори во тој град.
Челниците на ДФ Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ неодамна се осомничени за вмешаност во наводен обид за тероризам, во октомври лани на денот на парламентарните избори во Црна Гора.