18 Април, 2024
0.0235

Сирење од магарешко млеко, производ на Србите -65 евра за 50 грама

Објавено во: Агробизнис 12 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Сирење од магарешко млеко е презентирано во Нови Сад кој е прв ваков производ во светот. Килограм од ова сирење чини 1.000 евра, пишува српскиот деловен портал „Економи“. Инаку ова е најновиот производ на специјалниот резерват „Засавица,“ кој ќе се продава во пакување од 50 грама по цена од 65 евра и може да се купи само на две места во светот. - Ова сирење, најверојатно, ќе може да се купи само во рестораните на Новак Ѓоковиќ, на кого му понудивме деловна соработка и на уште една ексклузивна куќа со која треба да склучиме договор - управникот на „Засавица“, Слободан Симиќ. Високата цена на ова уникатно сирење е поради комплицираниот начин на производство, но и поради фактот што не се произведува на друго место во светот. - Магарешкото млеко е многу сличен на човечкото, бидејќи содржи само еден отсто масти, така што можат да го пијат и мали деца. Полно е со лековити својства, особено помага во лекувањето на астмата и бронхитисот, и кај возрасните и кај децата - изјави Симиќ

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари