Сириецот кој се сликаше со Меркел го тужи Фејсбук - еве зошто...
Објавено во: Свет 14 Јануари, 2017
Мигрантот од Сирија кој се сликаше со германската канцеларка, Ангела Меркел го тужи Фејсбук затоа што не реагирал на лажни вести каде е употребена неговата фотографија.
Адвокатите на Фејсбук се појавија на судење во градот Верзбург, на југот на Германија, а овој случај може да биде пресврт затоа што Германија бара начин да се бори со лажните вести.
Сириецот е Анис Модамани на возраст од 19 години и потекнува од Дамаск, Сирија.
Тој лани во септември се сликал во Меркел каде што таа ги чекала во засолниште во Берлин.
Оваа фотографија се прошири на социјалните мрежи и стана синоним на германскиот одговор на кризата.
Но, потоа се појавија вести дека момчето е поврзано со терористички мрежи.
Лажните вести ги виделе барем 50.000 луѓе.
Некои дури бараа жив да се запали, по што тој побара законот да го заштити.
Судот му нареди на Фејсбук за 24 часа да ги отстрани сте вести, а ако тоа не се случи Сириецот ќе добие 500.000 евра.