Сирија тврди - Најдовме американско и британско хемиско оружје
Објавено во: Свет 17 Август, 2017
Сириската влада обвини дека е пронајдено хемиско оружје со потекло од САД и Велика Британија кое го користеле бунтовниците во борбите со воените сили на претседателот Башр ал Асад.
Во напуштени складишта на бунтовниците се откриени хемиски супстанци кои укажуваат дека им биле испорачани на терористите во Сирија од страна на Велика Британија и САД, изјави денеска сирискиот заменик министер за надворешни работи Фајсал Макдад.
– Сите пронајдени специјални средства, вклучувајќи рачни бомби и ракети, содржат супстанци за иритација ЦС и ЦН. Откривањето на хемиското оружје покажува дека тоа е произведено во лаборатории на територијата на САД. Хемиските супстанци ги произвеле британската и американската компанија „Черминг Дефенс УК“ и „НонЛетал Технолоџис“, истакна Мекдад на прес-конференција.
Според него, хемиските супстанци се пронајдени во складишта на бутовниците во Алепо и „ослободената територија“ источно од Дамаск.