Сириски авион падна во Турција
Објавено во: Балкан 04 Март, 2017
Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим соопшти дека авион на сириските воено-воздушни сили се урна во јужната турска провинција Хатај, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на телевизискиот канал Sky News Arabia.
„Воениот авион, кој падна во турската провинција Хатај е сириски“- рече Јилдирим.
Според информациите од медиумите, членовите на групата „Ахрар аш фстаци“ објавија порано денеска дека спуштиле сириски „Миг-21“ во северозападниот дел на Сирија. Објаснувањето било дека пилотот е катапултиран и се приземјил на турска територија.
Според податоците на турски извори, авионот „Миг-23“, а не „Миг-21“, како што тврдат од „Ахрар аш фстаци“.